петак, 7. новембар 2014.

ИЗЛЕГОВ ДА СА ПРОШЕТАМ.

     ,,Излегов да се прошетам,, по нашки кажано ,,Излегов да са прошетам,, е една уба македонска-ресенска староградска песна со длабока емотивна и љубовна порака. Ама мене ова ми беше само повод да напишам нешто друго.
       Е сега.... Излегов јас така да са прошетам по ресенските улици и види чудо. Најдов на п.тот папка со документи. И ко секој ресенчанец опуљ лево-десно и оп папката во мојте р.це са најде. Седнаф во Таверна на кафе, онака сам, и почвит да ма јајт црвот да видам шо имат вн,тре. Отворам полека ко на амерички филм и види чудо. Вн,тре нотарски акт со печат за извршност. Доверител една т.н. голема банка која на времето ја спасфефме сите ние со насилно купвење акции од неа за да не банкротират ама, сега од ко ја спасифме фраериве шо ѓомти ја купија сега многу са фраерисфат. Должник една кутра фирма шо са напучила со кредит к,ј фраериве шо не можел појќе да го враштат кредитот. И си вељам, дај ова да го дам на извршител да видам шо ќе бидит. Одам кај МиНи извршителот во Битоља е го давам предметот и та мртва ладна ми кажвит колку требит да уплатам и да почнит со извршвејне. Ми даде потврда и работата почна.
        Одам дома, отворам то законите и барам нешто да ми са потврдит то шо го напрев ко таму шо ќе видам.
          Законот за извршвејне во својот Член велит:
Основа за извршување и започнување на извршувањето
Член 2
(1) Основа за извршување претставува извршната исправа.
(2) Основа за извршување е и решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа донесено од нотар.
(3) Извршувањето започнува по барање од доверителот.
(4) Извршување на извршната исправа може да се спроведува само кај еден извршител.

         МиНи ко шо ја дал госпот ова не и било важно, си почна со извршвејне. Е сега чим почвит извршната постапка имат и други параграфи шо требит да са почитват.
Примена на одредбите од Законот за парничната постапка
Член 10
(1) При спроведување на извршувањето сообразно се применуваат одредбите на Законот за парничната постапка, ако со овој или со друг закон поинаку не е определено.
(2) Одредбите на Законот за парничната постапка кои се однесуваат на употребата на јазиците, се применуваат и во извршувањето.

          Ова значит дека ако нешто го немат во Законот за извршвејне ќе са применват одредбите за та ситуација од Законот за парнична постапка. Во тој акт шо јас неовластено го дадов кај МиНи са работат за странки шо са ПРАВНИ ЛИЦА демек, фирми. Е сега, шо велит Законот за парнична постапка кога во истата странки са ПРАВНИ ЛИЦА:
Член 81
(1) Полномошник на странката може да биде:
- адвокат,
- лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и
- роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар, доколку е
потполно деловно способен.
(2) Ако како полномошник се јавува лице спротивно на одредбите од ставот (1)
на овој член, судот ќе донесе решение со кое на тоа лице ќе му оневозможи
натамошно застапување и за тоа ќе ја извести странката.
(3) Против решението од ставот (2) на овој член не е дозволена посебна жалба.

Член 82
Ако вредноста на предметот на спорот надминува 1.000.000 денари, полномошник на правно лице може да биде лице кое е дипломиран правник со положен правосуден испит и кое е во работен однос со правното лице.

          Ако странката е ПРАВНО ЛИЦЕ истото можит да го застапвит во постапка за извршвејне и овластеното лице, законскиот застапник на друштвото, управителот, по нашки директорот. Ако тој имат поважна работа и е голема фирма ќе го пуштит овие работи да ги прет некое од лицата шо ги опишав погоре во членојте.
               Е сега, ова МиНи си зеде извршна исправа да си ја работат не да не провере дали са исполнети горниве услови, туку од однесфејнето сфатиф дека то не му е познато. И сега ја гледам и си мисљам, здрава е, умна е, знет или незнет или така е чинит. За последиците од ова најголем губитник ќе излезит пак та, зошто? та е лице со јавни овластвејна и е должна да ги спроведвит законите. То дали ги знет или не, е нејзин проблем и кога тогаш ќе одговарат. И државава зато ги терат прет да почнат со работа. да си клат гаранција од 100.000,оо евра за да си платат ако прат вакви работи. И за ова следвит....

ПРОДОЛЖЕНИЕ


Нема коментара:

Постави коментар