петак, 21. новембар 2014.

ПРИВАТНА РЕВИЗИЈА трет дел Решение на Апелацискиот суд Битола ТСЖ-713/14

На почетоков се извинувам на сите читатели кои не се од ресенското говорно подрачје што уводот на оваа ПРИВАТНА РЕВИЗИЈА е напишан на ресенски дијалект. Зошто? Човек кога сака искрено да се изрази најубаво се изразува на мајчиниот јазик. Затоа барам разбирање од Вас за стилот, начинот и употребените изрази кои согласно ресенскиот дијалект никого не навредуваат.
Во ова писание го објавувам решењето на Апелацискиот сут од Битоља со прајне на моја приватна ревизија. За да не ја тупам многу да објаснам. Текстот на решејнето е напишано во оригинал со сите правописни и граматички грешки. Она шо е подвлечено е објаснето во заграда со здебелени букви. Здебелените букви са мојата приватна ревизија. Она шо е со црвени букви е како Апелацискиот сут во Битоља разбрал за шо са работат и зошто демек, донел такво решејне ко шо го донел. Е таму кај шо е со црвено јас во заграда со црни здебелени букви прам приватна ревизија. Текстот на решејнето е во цело без кратејне и само почетни букви на имина, фирми, банки, извршители, суди итн. Сутските одлуки во Македонија јавно са објавеват во целост кага постапката правосилно е завршена ко шо е случај со ова решејне па зато немат право никој да са љутит иљи да приговорвит чим си ја пикнал глата во ова работа. Врз мене како пишач на овај блог ја преземам целата одговорност дека се шо е подолу напишано е точно и седам зад секој мој дополнителен коментар дека фактите са тие а не она шо го презентират таканаречениот доверител Ристе Митановски, извршител Милица Николовска от Битоља и судиве од советот што ???вака ја разбрале целава работа??? Најчудно от се ми е што сите са прат на удрени а сите докази са во писмена форма и требит само некој да седнит и да ги наредит со рет и ќе дојт до она шо јас го кажвам и она шо го кажа Прецедникот на основниот сут во Ресен. Ама ако, (спорет песната) кога и да е ќе са најт некој шо ќе ги наредит доказите со рет и ќе кажит шо е право шо е криво.
Ако некој мисљит дека со овие писанија имам нешто против независноста и непристрасноста на македонсково сутство, са мамит. Јас сум најголем противник на тие шо шират такви дезинформаци, ама мисљам дека, секој е должен јавно да кажит ако некој са дрзвит да го ваљкат името на нашиов правосуден систем. И државава се прет да ја подобрит нивната работа, носит убај закони, му дават убај плати, му дават убај услови за работа ама, ум со инка не можит да му турит. Ама ако (ко шо вељат во една песма), правдата е слепа и долга ама кога тогаш идит.
Некој ќе речит дека сега прам по свадба т,пани. Не е така. Овде имат многу работи који ќе са разјасват во други постапки, пред претцедникот на Апелацискиот сут Битоља, Сутскиот совет на Македонија, Врховниот сут на Македонија, Јавно обвинителство, Министерство за правда, Комора на извршители и еден куп други институци кои фала му на бога, ќе исправат то шо беше грешено.
Дури во една прилика извршителот ми рече демек, шо преш вакви работи ко борџиш. Да борџам ама ако е то така ко шо ми велит та тогаш немат потреба ни од закони ни од извршители зошто, тој шо борџит ќе дојдат ќе му земат се шо имат и завршена работа. Ама среќе шо не е така па државава не дозвољвит за одреден борџ некој да ти земит дупло и се шо имаш преку разни мајмунлаци.
Толку от уводот, во продолжение следвит ПРИВАТНА РЕВИЗИЈА трет дел Решение на Апелациониот суд Битола ТСЖ-713/14. Ова требит да го имат и на веб страната на судот (ко шо го имат ресенското решение) ама таму немат да го најте, можит на тој шо ги клават решејната на интернет му било срам и ова да го клајт. Ама ако (ко шо велит песната) имат други шо ќе го клат.

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО БИТОЛА, во совет составен од судиите: Снежана Богданоска – претседател, Ристе Ристевски и Аце Бакиевски членови на советот, во правната работа на доверителот Стопанска банка АД Скопје (кога странка е правно лице истото во постапката го претставува неговиот законски застапник кој како таков е запишан во трговскиот регистар кој се води во Централниот регистар на Република Македонија, или од него ополномоштено лице кое може да биде адвокат или лице дипломиран правник кој со доверителот е во работен однос),против должникот ЈТД за производство, трговија на големо и мало, угостителство и услуги Нанчовски Тони и други НАНЧОВСКИ ЈТД Ресен,(доверителот е претставуван од законскиот застапник кој е запишан во трговскиот регистар кој се води во Централниот регистар на Република Македонија) вредност 1.668.862,00д.(ако вредноста на спорот изнесува над 1.000.000 денари правното лице покрај законскиот застапник може да го претставува и лице дипломиран правник со положен правосуден испит кое е во работен однос со правното лице, Член 82 од ЗПП), одлучувајќи по жалбата на доверителот (како подносител на жалба се јавува лице кое е во работен однос со правното лице но не е дипломиран правник со положен правосуден испит нити кон истата како прилог поднесува некакво полномошно) против решението на Претседателот на Основниот суд Ресен ППНИ-27/14 од 30.09.2014г., на седницата на советот одржана на ден 15.10.2014г., донесе


Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата на доверителот , СЕ УВАЖУВА. (Жалбата е недозволена и незаконска бидејќи, е поднесена од лице кое како што е наведено и потпишано на истата е Помошник на дирeкторот за Филијала Ресен, Ристе Митановски, потпис. Член 347, став 1 од ЗПП, Ненавремената, нецелосната и недозволената жалба судијата поединец или претседателот на советот на првостепениот суд без одржување на рочиште ќе ја отфрли со решение, а во врска со, став 3 од истиот член, Жалбата е недозволена ако ја изјавило лице кое не е овластено за поднесување на жалбата)

Решението на Претседателот на Основниот суд Ресен ППНИ-27/14 од 30.09.2014., СЕ ПРЕИНАЧУВА И СЕ ОДЛУЧУВА:

СЕ ОДБИВА приговорот поднесен од должникот.

Извршното дејствие што се состои во донесување на Заклучок за извршена продажба на недвижност И.бр.408/13 од 27.08.2014г.; Заклучокот за предавање во владение на недвижност И.бр.408/13 од 27.08.2014г. и Заклучокот за определување на времето на делба И.бр.408/13 од 27.08.2014г., сите на извршител Милица Николовска од Битола и спроведените извршни дејствија врз основа на овие заклучоци се оставаат во сила.

СЕ ЗАДОЛЖУВА должникот на доверителот да му ги надомести второстепените трошоци на име судска такса за жалба износ од 33.377,00., во рок од 8 дена по приемот на решението.

О б р а з л о ж е н и е

Со побиваното решение се усвојува приговорот поднесен од должникот и Заклучок за извршена продажба на недвижност И.бр.408/13 од 27.08.2014г.; Заклучокот за предавање во владение на недвижност И.бр.408/13 од 27.08.2014г. и Заклучокот за определување на времето на делба И.бр.408/13 од 27.08.2014г., сите на извршител Милица Николовска од Битола и спроведените извршни дејствија врз основа на овие заклучоци се ставаат вон сила. Одлучено е трошоците странките да си ги сносат секоја своите. Со последниот став е одлучен дека жалбата не го задржува извршувањето на решението.
Против вака донесеното решение во законски определениот рок жалба поднесе доверителот поради (жалбата не е поднесена од доверителот согласно законските прописи) суштествени повреди на одредбите на парничната постапка и погрешна примена на материјалното право (судовите по приговор или жалба во извршна постапка, не навлегуваат во материјално-правниот аспект на основот за извршување туку разгледуваат и одлучуваат дали постапката се води во согласност со одредбите од процесните закони), со предлог жалбата да се уважи, побиваното решение да се преиначи како и да се задолжи должникот со трошоци во постапката на име судска такса за жалба во износ од 33.377,00д.

Одговор на жалба поднесе должникот, побивајќи ги наводите во жалбата на доверителот, со предлог жалбата на доверителот да ја отфрли како недозволена или жалбата да се одбие како неоснована, а побиваното решение да се потврди.

Овој суд, одлучувајќи по жалбата го испита побиваното решение во границите на овластувањата од чл.354 (овој член во ставот 1 вели: Второстепениот суд ја испитува првостепената пресуда во оној дел во кој се побива со жалбата, во границите на жалбените причини, а по службена должност внимава на примена на материјалното право и на повреда на одредбите на парничната постапка од членот 343 став 2 точки 1,2,3,5,10,11,13,14 и 15 на овој закон. Точката 10 од членот 343 вели:...или ако странката што е правно лице не ја застапувало овластено лице...),  во врска со чл.371 од ЗПП и чл.10 од ЗИ, по оцена на жалбените наводи и списите во предметот најде дека:
 
Жалбата е основана.

Основан е жалбениот навод за сторени суштествени повреди на одредбите од парничната постапка од чл.343 ст.2 т.14 бидејќи овој суд смета дека решението не е јасно, не е разбирливо и е донесено спротивно на одредбите од ЗИ и се противречни причините со одлуката на судот.(да се види Решение на Претседателот на Основен суд Ресен ППНИ-27/17).

Судот утврдил дека должникот поднел навремен приговор против Заклучок за извршена продажба на недвижност И.бр.408/13 од 27.08.2014г.; Заклучокот за предавање во владение на недвижност И.бр.408/13 од 27.08.2014г. и Заклучокот за определување на времето на делба И.бр.408/13 од 27.08.2014г., сите на извршител Милица Николовска од Битола.

Во приговорот должникот наведува дека со Заклучокот за извршена продажба на недвижност од 27.08.2014г., извршителот Милица Николовска, утврдила дека е извршена продажба на недвижноста опишана во ИЛ.бр.1866 за КО Ресен на купувачот ДООЕЛ Гоми-96 од с. Подрквеник как најповолен купувач согласно Заклучокот за продажба на недвижност со усно, јавно наддавање во продолжена постапка И.бр.408/13 од 06.08.2014г. со тоа што купувачот купопродажната цена ја платил од 4.612.500,00д. На ден 27.08.2014г. што било по протек на 21 ден од купопродажбата, иако согласно законските одредби тоа требало да го стори во рок од 8 дена од извршената продажба па оваа околност ја правело продажбата неважечка за што извршителот требало да донесе соодветен заклучок согласно чл.144 од ЗИ. Наведе дека до должникот воопшто не бил доставен Заклучок за утврдување на вредноста на недвижноста бидејќи вредноста за претходната закажана втора јавна продажба била утврдена на повисока цена односно 5.412.000,00д. Заклучокот за предавање во владение на недвижност и Заклучокот за определување на времето за делба и двата со И.бр.408/13 од 27.08.2014г., на должникот му биле доставени на 04.09.2014г., иако рочиштето за делба било закажано за 03.09.2014г. со што на должникот му било оневозможено да присуствува на делбата и средствата добиени од продажба и евентуално да оспорува одредени побарувања и да става забелешки.

Во одговорот на приговорот извршителот наведе дека приговорот бил ненавремен, недозволен и неоснован од причини што оспорените заклучоци сите со датум 27.08.2014г. лично биле доставени на адреса на седиштето на должникот и ги примила Антонија Нанчовска па доставата била уредна и немало место за примена на одредбите од чл.46/а и чл.46-б, а приговорот бил ненавремен од причини што доставата била извршена на 02.09.2014г. и рокот за поднесување на приговорот истекол на 05.09.2014г.

Исто така навел дека приговорот бил неоснован од причини што управителот на должникот бил лично присутен на продажбата, кога го примил и потпишал записникот за продажба во продолжена постапка од 27.08.2014г. и заклучокот за продажба од 27.08.204г.(не може должникот лично на рака да прими записник за продажба во продолжена постапка и заклучок за продажба со датум 27.08.2014 година на ден 06.08.2014 година), а купувачот цената ја платил на 27.08.2014г. бидејќи согласно чл.170 ст.3 од ЗИ на тоа доверителот имал дадено согласностк(како што наведовме и погоре не може во извршна постапка да се појавува лице кое нема полномошно). На ден 03.09.2014г. се одржало рочиштето за делба и се донел заклучок за намирување кој на должникот со препорачана пратка му биле доставени на 03.09.2014г.(не доставени туку испратени).

Доверителот исто така достави писмен одговор на приговорот со кој предложи приговорот да биде отфрлен како ненавремен од причини што рокот за приговор истекувал на 08.09.2014г., а доколку се ценела основаноста на приговорот истиот да биде одбиен како неоснован од причини што токму со согласност од доверителот купувачот ја платил и не подоцна од 3 месеци од извршената продажба што било во согласност со чл.170 ст.3 од ЗИ, а должникот имал примено заклучок за утврдување на вредност на недвижност и на истиот не приговарал.

Претседателот на Основниот суд Ресен ценејќи ги изнесените наводи од должникот, доверителот и извршителот, а врз основа на писмените докази најде дека приговорот на должникот е основан и како таков го усвои поради следното.

Согласно чл.40 ст.1 алинеја 2 од Законот за извршување судот прифаќа дека според повратницата со поштенски жиг од 04.09.2014г., доставена како доказ од извршителот Милица Николовска е дека до должникот  биле доставени  Заклучок за извршена продажба на недвижност И.бр.408/13 од 27.08.2014г.; Заклучокот за предавање во владение на недвижност И.бр.408/13 од 27.08.2014г. и Заклучокот за определување на времето на делба И.бр.408/13 од 27.08.2014г., сите на извршител Милица Николовска од Битола кој должникот ги примил на 04.09.2014г. видно од датумот рачно напишан на самата повратница. Неспорно е за судот дека делбата на средствата стекнати од продажбата на недвижноста која била предмет на извршување, запишана во Ил.бр.1866 за КО Ресен, била закажан и одржана на 03.09.2014г., а должникот за тоа бил известен еден ден по одржаното рочиште. Првостепениот суд го усвоил приговорот бидејќи смета дека нема уредна достав на актите на извршителот од причини што се доставени до лице кое не е вработено кај должникот.

Основано во жалбата се укажува дека актите на извржителот се уредно доставени бидејќи согласно чл.127 ст.1 од ЗПП на кој упатува чл.10 ст. 1 од Законот за извршување во случај кога до правното лице, доколку не може да се изврши достава преку електронско сандаче, доставувањето се врши со предавање на писмената на лицето овластено за примање на писмена или на работникот кој ќе се затече во канцеларијата, односно деловната просторија.(писмената не се предадени на лице овластено за примање на писмена или на работник кој ќе се затече во канцеларијата, односно деловната просторија туку се дадени на лице кое не е вработено во друштвото и на адреса која не е адресата на друштвото). Доставата е извршено преку пошта што се утврди од доставницата во списите за што не се основани наводите во одговорот на жалба дека е доставата извршена со сила.(овде пак судот констатира дека се доставени преку пошта. На второстепениот суд не му е јасно, дали доставата е извршена преку пошта или со лична достава.) Дека примачот на доставницата не бил вработен кај должникот, должникот не достави доказ со приговорот но многу подоцна дури на 26.09.2014 година по покасно добиената потврда.(судот не сватил дека, должникот дури со одговорот на приговор дознал дека била вршена некаква лична достава па по барање на судот достави потврда дека такво лице е вработено во друга компанија) Крајно извршена е уште една достава на сите акти која никој не ја ни спори а тоа е дека се доставени на ден 09.09.2014 година.(на ден 09.09.2014 година нема достава на погоре споменатите акти што е чудно од каде пак овој датум).

Не е точно дека доверителот не поднел барање за продажба на недвижноста во продолжена постапка. Тоа го сторил со писмен поднесок од 17.07.2014.(по ова барање Извршителот е должен да донесе Заклучок, истиот не е доставен до должникот) и втората усна, јавна продажба која се одржа на ден 06.08.2014 година, во продолжена постапка. Управителот на должникот Тони Нанчовски бил лично присутен (должникот е телефонски повикан да присуствува на продажбата) и на ова продажба е продаден имотот на должникот наведен во записникот за продажба и тоа недвижности на најповолниот понудувач ДООЕЛ ГОМИ – 96 од с, Покрвеник за износ од 4.612.4000, денарии со заклучок е одлучено да ја исплати купопродажната цена во рок од 15 дена.(заклучокот е со рок од 8 денови). На ваквиот закличок должникот истакнал приговор кој е внесен во заклучокот. Исто така должникот е поучен и дека може против заклучокот да поднесе тужба кое нешто не го направил.(приговорот на должникот беше на фактот што до него не беше доставен Заклучок за определување вредност на недвижност и Заклучок за продажба. Судот не знае дека во оваа фаза од извршување не се дозволени поднесувања на никакви тужби.) Заклучокот за продажба не е побиен нити со тужба согласно чл. 175 ст. 4 од ЗИ бидејќи должникот не достави доказ дека тужба е поднесена. (Должникот приговара на непочитување на законот од страна на извршителот и доверителот а не со тужба да оспорува продавање на недвижност со цел намирување на долг)

После ова и по плаќање на купопродажната цена е донесен заклучок за извршена продажба согласно чл.175 ст. 7 од ЗИ. Точно е дека е платена цената после определениот рок како што е предвидено во чл.177 од ЗИ но овој рок е продолжен по барање на доверителот(ова не се вика барање туку давање на согласност да се продолжи рокот за плаќање на цената. Во овој случај согласноста ја дава лице кое нема правна легитимација и е дадена два дена по истекот на рокот за плаќање). Согласно пак чл.170 ст.3 од ЗИ по изклучок, а по претходна согласност од доверителот, рокот од ст.2 на чл.170 од ЗИ може да биде продолжен до 3 месеци. Доверителот со писмена согласност од 13.08.2014г,( на согласност да се продолжи рокот за плаќање на цената. Во овој случај согласноста ја дава лице кое нема правна легитимација и е дадена два дена по истекот на рокот за плаќање) и на ден 21.08.2014 година (оваа согласност е ирелевантна) се согласил рокот за плаќање да биде продолжен за дополнителни 8 дена сметано од денот кога доспева обврската за плаќање на цената. Доверителот на 21.08.2014г. со согласност од истиот датум се согласил рокот за полагање на цената да се продолжи за дополнителни 8 дена. Цената купувачот ја платил во определениот рок на ден 27.08.2014г. Со оглед дека купувачот ја уплатил цената, во продолжениот рок извршителот не напарвил неправилности со донесување на заклучокот извршена продажба.(Извршителот требало да ја одбие согласноста бидејќи беше поднесена од неовластено лице, закаснета и недозволена и требаше да донесе Заклучок за поништување на продажбата)

После донесувањето на овој заклучок наредно дејствие на извршителот е, извршителот да донесе заклучок за предавање во владение на купувачот, согласно чл. 178 од ЗИ. Таков заклучок донел извршителот, па и во овој заклучок нема никакви неправилности. И овој заклучок како и другиот, е доставен до должникот и тоа на двапати, еднаш преку пошта на адреса на фирмата и вториот пат со доставница од страна на извршителот. Овој заклучок е донесен на 27.08.2014г., кога е и уплатена купопродажната цена за купената недвижност од страна на купувачот.(овој заклучок е ирелевантен и неважечки бидејќи неправилностите се сторени со носењето на Заклучокот за продажба. Ако нема продажба тогаш нема ни Заклучок за предавање во владение на нешто што не е продадено)

После ова извршителот на истиот ден носи заклучок за определување на времето кога ќе се изврши делбата, а тоа е заклучокот врз основа на чл.192 од ЗИ, и во истиот е определено дека, ќе се врши делбата на ден 03.09.2014г. во 11,00 часот.(овој заклучок е исто така ирелевантен бидејќи неможе да се дели нешто бидејќи нема што да се дели ако нема продажба) Со овој заклучок само се определува времето кога ќе се изврши делбата на имотот. Одржано е рочиште кое навистина должникот не е уредно викан.(ОВА Е ВРВ НА НЕРАЗБИРАЊЕ ОД СТРАНА НА СУДОТ ЗА ШТО СЕ РАБОТИ. Сега констатира дека должникот не бил уредно викан а, погоре на цели две страни објаснува како доставата била уредна. Значи еднаш истата достава е уредна, вторпат истата достава е неуредна) Меѓутоа, на тоа рочиште донесени се и други заклучоци, а тоа се заклучок за намирување и заклучок за делба на износот постигнат со купопродажбата на недвижностите. Во списите нема доказ дека против овие заклучоци должникот има доставено приговор.(како може должникот да стави приговор на ова кога воопшто не присуствувал на делбата и приговорот го доставува после донесени Заклучоци за кои судот тврди дека не приговарал.) Затоа, Овој суд смета дека, не се сторени неправилности и при носењето на овој заклучок бидејќи, станува збор замо за определување на времето кога ќе се врши делба на уплатените пари на должниците од извршената продажба.(повредите се веќе направени пред носење на овој заклучок затоа, не требало да дојде до определување на време за делба).

Овој суд ги ценеше и наводите на должникот во одговорот на жалба, дека жалбата треба да биде отфрлена како недозволена, меѓутоа истите се неосновани. Жалбата е поднесена од доверителот и тоа Стопанска банка АД Скопје видно од доставениот печат на доверителот(неможе печат на филијала Ресен и потпис на економист заменик раководител на филијала да бидат валидни овластувања за поднесување жалба во процесна постапка) и дали е уредно или не застапувана банката, таков приговор неможе да истакне должникот согласно чл.343 ст.3 од ЗПП, каде што е наведено ако странката е правно лице и не била застапувана од овластео лице, жалба може на тие околности може да изјави само странката на која се однесуваат тие недостатоци.(Од сите наводи на должникот дека се работи за коруптивни неправилности во извршната постапка, судот од одговорот на жалба го коментира само фактот образлагајќи го член 343, ст.3 од ЗПП. Судот немал во предвид дека жалба на решението на Претседателот на основниот суд не поднесол должникот, така да споменувањето на овој член е безсмислено. Во одговорот на жалбата, должникот само го потсетува судот на своите службени обврски дали, жалба поднесува овластено или неовластено лице. За да биде ова појасно ќе го цитираме нашето барање во одговорот на жалба:
Жалбата на т.н. доверител ДА ЈА ОТФРЛИ КАКО НЕДОЗВОЛЕНА Претседателот на Основен суд Ресен во Ресен бидејќи е поднесена од неовластено лице,
Ако тоа не го направи првостепениот суд, ДА ЈА ОТФРЛИ КАКО НЕДОЗВОЛЕНА Апелациониот суд Битола во Битола или
Истата ДА ЈА ОДБИЕ КАКО НЕОСНОВАНА а Решението ППНИ-27/14 од 30.09.2014 година на Претседателот на Основниот суд Ресен во Ресен ДА ГО ПОТВРДИ.

Согласно чл.160 од ЗПП, судот го задолжи должнико да му исплати на доверителот на име второстепени трошоци на име судска такса за жалба во износ од 33.370,00де. Согласно Законот за судски такси во рок од 8 дена од приемот на решението.

Предвид на горното, овој суд го преиначи решението на Претседателот на Основнито суд Ресен, бидјеќи од наведените причини утврди дека, при донесувањето на заклучоците од страна на извршителот, не се сторени неправилности.(?????????????????????)


                                                Претседател на совет-судија,

ЛЕ/ТБ                                          Снежана Богдановска с.р. 

Нема коментара:

Постави коментар