субота, 15. новембар 2014.

МАТЕРИЈАЛНОТО ПРАВО И ЖАЛБА ВО ИЗВРШНА ПОСТАПКА

да не пукниш, ма изнасмеа
Во однос на наводот од Жалбата дека судот погрешно го применил материјалното право, жалителот требало да знае дека судовите по приговор или жалба во Извршна постапка, не навлегуваат во материјално-правниот аспект на основот за извршување туку одлучуваат дали постапката се води во солгасност со одредбите од процесните закони.

Имено, Предметот И.бр.408/14 е заснован на извршна исправа ОДУ бр.151/12 од 09.04.2012 година на нотар Николче Павловски од Ресен, против ЈТД за производство, трговија на големо и мало, угостителство и услуги Нанчовски Тони и др. НАНЧОВСКИ ЈТД Ресен со седиште во Ресен на ул.,,7 ма Македонска бригада,, бр.15, како должник и заложен должник, за спроведување на извршување во вредност од 1.668.862 денари. Ниту во приговорот од страна на Должникот, ниту во Решението на Претседателот на Основниот суд Ресен, не се навлегува во материјално-правниот аспект на предметот освен во погрешната постапка водена од страна на Извршителот и Доверителот како странка со чии грешки ќе настанат штети по Должникот.Доставата на писмената, како и се друго во Законот за извршување кој ја уредува извршната постапка, е уредена со процесни одредби,а никако со одредби од материјалното право.

Нема коментара:

Постави коментар