недеља, 16. новембар 2014.

ДОСТАВА НА ПРАВЕН АКТ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ВО ИЗВРШНА ПОСТАПКА

 
  Во врска со тврдењето во жалбата дека, согласно Член 128, став 1 од ЗПП, кога нема технички услови за регистрирање на електронско сандаче, доставата на правно лице кое е запишано во трговскиот регистар или друг регистар, се врши на адресата запишана во трговскиот или друг регистар, додека пак согласно Член 127, став 1 од ЗПП во случај кога не постојат технички услови за достава во електронско сандаче на субјектите утврдени во Член 98, став 3 од ЗПП, доставувањето се врши со предавање на писмената на лицето овластено за примање на писмена или на работникот кој ќе се затече во канцеларијата, односно во деловната просторија. Но, тоа се прави за судски писмена кои се доставуваат согласно ЗПП.
Согласно Член 46-а, став 1, од Законот за извршување, Доставата на судските писмена извршителот ја врши според одредбите од Законот за парнична постапка и овој закон.(се мисли на ЗИ). А, согласно Член 46-а, став 2 од ЗИ, Доставата на актите кои произлегуваат од работата на извршителот предвидени во Членот 40 од ЗИ се врши со непосредно предавање на актот од страна на извршителот и по пошта. Секако дека и оспорените заклучоци од страна на Должникот спаѓаат во актите кои произлегуваат од работата на извршителот согласно Член 40 од ЗИ и претставуваат  акти кои се доставуваат со назнака ЛИЧНО НА РАКА бидејќи се работи за акти кои ако не стигнат лично до странката може да се пропуштат рокови или дејствија кои би му нанеле штета на странката.
Извршителот знаејќи каде е седиштето на Должникот и кој е овластен за примање на писмена бидејќи кај Должникот е вработено само едно лице законскиот застапник управител T.Н., дошол на адресата на должникот запишана во Трговскиот регистар, а тоа е станбен објект во кој и живее управителот на Должникот со неговото семејство на ул.,,Седма македонска бригада,, бр.15 пред кој има поштенско сандаче и влезот е видно обележан со НАНЧОВСКИ Тони и Елизабета, со телефонски броеви. Бидејќи влезната врата од куќата била заклучена и не го нашол управителот или некој друг на горната адреса, влегла во соседната куќа која јасно е одделена од седиштето на Должникот  и без да има овластување или причина за тоа, нарушувајќи го  Уставниот принцип на неповредливост на домот, во внатрешноста на куќата го нашла лицето А.Н. и претставувајќи се како помошник или така нешто со зборовите ,,се слушнавме со чичко ти по телефон и тој ми рече ти да ги земеш  писмава,, скоро насила ја натерала девојката да ги прими актите. А.Н. по одењето на доставувачот гледајќи дека називот Н. се однесува на назив на ПРАВНО ЛИЦЕ, а не на Н. како презиме на ФИЗИЧКО ЛИЦЕ, писмената со препорачана пратка со повратница и известување до извршителот дека таа не е вработена во Н. јтд ги вратила до Извршителот МиНи. Управителот на горната адреса се враќа на 04.09.2014 година во попладневните часови, кога и ги прима во пошта ОСПОРЕНИТЕ ТРИ ЗАКЛУЧОЦИ и дознава од А.Н. за настанот и дека писмата ги вратила кај доставувачот, со препорачано писмо и повратница со нагласка дека,  не е вработена кај должникот.
Заради сето погоре изложено во оваа точка од овој одговор на жалба не држи констатација на Жалителот ,,Претседателот при ценење на приложените докази во приговорот за неправилности и одговорите на приговорот би требало да се запраша (со што се меша во работата на судот) како се затекнало единствено лицето А.Н. сама во седиштето на должникот за да ги прими записниците, односно доколку истото не е вработено кај должникот што прави во седиштето на истиот во работно време и зошто прима писмена доставени од лице со јавни овластувања??,,  Седиштето на Должникот кое е видно обележано било затворено, А.Н. била во внатрешноста на својот дом кој е посебен станбен објект со друг куќен број и не е вработена кај должникот  и затоа е, логично, морално и културно да не отвара туѓа пошта и ако ја примила,  да ја врати на доставувачот.

Жалителот наместо да наоѓа забелешки на Должникот и Судот би требало да побара одговор од Извршителот како според нејзино тврдење била извршена успешна лична достава и посебна достава по пошта. И доколку била сигурна во исправноста на доставата зошто уште еднаш извршила достава на истите акти на 04.09.2014 година како што има нагласено и судот во Решението.

Нема коментара:

Постави коментар