среда, 19. новембар 2014.

ПРЕТСТАВКА/ПОПЛАКА ДО Претседателот на Апелационен суд Битола


                                  ДО                                      
 ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА
     АПЕЛАЦИОНЕН СУД БИТОЛА
      Г-ѓа Даница Ристева




ПРЕДМЕТ:   Претставка за работа на Совет на Апелационен суд Битола, со барање за покренување на постапка за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиска функција


Од Јавно трговско друштво за производство, трговија на големо и мало, угостителство и услуги Нанчовски Тони и др. НАНЧОВСКИ ЈТД Ресен, ул.,,7-ма Македонска бригада,, бр.15 со ЕМБС 5214637 и ЕДБ 4024998103089, претставувано од законскиот застапник на друштвото, управител Тони Нанчовски со ембг 0503965414004.

Нашето друштво е странка во постапка за извршување како должник, што се води/водеше кај извршител М.Н. под број 408/13.
Заради констатирани неправилности во постапката за извршување нашето друштво поднесе Приговор заради неправилности во постапката за извршување согласно Член 77 од Законот за извршување, до Претседателот на основниот суд Ресен, кој беше заведен како ППНИ-27/14. (прилог бр.1)
До Претседателот на основниот суд Ресен, одговор на приговорот поднесоа доверителот и извршителот. (прилог бр.2)
Заради несогласност во одговорите на приговорите од доверителот и извршителот до Основниот суд од наша страна беше дополнително поднесен поднесок со цел разјаснување на неправилностите.
Претседателот на основниот суд Ресен донесе Решение ППНИ-27/14 со кое приговорот за неправилности при извршување се усвојува и укина три заклучоци донесени од извршител М.Н. од Битола. (прилог бр.3)
На решението на судот жалба поднесе доверителот. (прилог бр.4)
Одговор на жалба поднесе должникот. (прилог бр.5)
Апелациониот суд Битола решавајќи по жалбата во Совет составен од судиите: С.Б., претседател на советот и судиите членови: Р.Р. и А.Б. носи Решение ТСЖ-713/14 од 30.09.2014 година со кое жалбата на доверителот се уважува и трите заклучоци на извршителот М.Н. од Битола се оставаат во сила. (прилог бр.6)

Ве замолуваме, ценејќи го вашето време, да ги разгледате овие прилози и по потреба да го разгледате предметот ППНИ-27/14 и ТСЖ-713/14 каде се наоѓаат и другите докази (одговор на приговорот од извршителот, потврда, доставници, изјави и слично) и врз основа на сето тоа во рамките на Вашите службени овластувања покренете постапка пред Судскиот совет на Република Македонија за работа на Совет на Апелационен суд Битола, со барање за покренување на постапка за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиска функција на судиите С.Б., Р.Р. и А.Б..
Не сакаме во оваа прилика Ние како лаици да елаборираме за каква нестручност се работи. Но и по месец и половина читање на образложението на Решението ТСЖ-713/14 не можеме да најдеме смисла и логика со диспозицијата на решението и што тоа беше неразбирливо во Решението на Претседателот на основен суд Ресен. Не сакаме исто така да потсетуваме дека решавањето по приговори и жалби во извршната постапка  е лесна работа бидејќи доволно е да се наредат по датуми Заклучоците на извршителот и решението ќе биде логично и прифатливо. Образложението на Советот на Апелациониот суд Битола, не само да е неразбирливо туку, истото изобилува со стручни грешки, мешање на законите, нелогичности, грешки во датуми, грешки во рокови, неприфаќање на аргументите кои се документирани од страна на должникот, непостапување по службена должност, па дури и со непознавање на македонскиот литературен јазик и граматика.  Овде уште повеќе зачудува фактот што нестручноста и несовесноста се потпишува од тројца искусни судии од кој едниот е доктор на науки и ментор на идни судии.
Ве замолуваме, посебно прочитајте го Решението на Вашиот совет и ако го разбирате образложенито Вие како Претседател, ние сме спремни да се извиниме за оваа претставка.
Бидејќи, немаме повеќе на располагање правни средства да се бориме против ова решение со кое ние во извршната постапка противправно изгубивме имот од 110.000,оо евра, имајќи ја целосната доверба во судството на Македонија бараме од Вас,

После разгледувањето на овој предмет во рамките на Вашите надлежности да побарате од Судскиот совет на Република Македонија да ја преиспита стручноста и совесноста на судиите С.Б., Р.Р. и А.Б..
Ако Вие тоа не го направите во разумен рок тогаш, ние ќе ја покренеме оваа постапка пред Судскиот совет на Република Македонија а ќе го известиме и Врховниот суд на Република Македонија и Јавното обвинителство на Република Македонија.

Со надеж дека оваа наша претставка, сериозно ќе ја земете и постапите по неа,


Ве поздравуваме,                                       НАНЧОВСКИ јтд Ресен
                                                                                Управител

                                                                                    Т.Н. е.п.



p.s. Законот за судови, Законот за Судскиот совет на Република Македонија, Деловниците за работа на судовите и други правни акти кои го регулираат работењето на правосудната власт, даваат можност граѓаните и правните лица да можат и на ваков начин да се обидат да ја остварат ПРАВДАТА преку поднесување ПРЕТСТАВКИ /ПОПЛАКИ. Почитувајќи ја приватноста на субјектите инволвирани во овој текст овде го постираме како пример како и други можат да побараат ваква заштита и борба против нестручни и несовесни судии.

Нема коментара:

Постави коментар