понедељак, 3. новембар 2014.

АПЕЛАЦИОНЕН СУД БИТОЛА крајна инстанца

Даница Ристева, Претседател на Апелационен суд Битола
Претседател  Даница Ристева 

Дипломирала на Правниот Факултет во Скопје во 1976 година и се вработила во тогаш Општинскиот суд Битола како приправник на 15.09.1977г. Правосуден испит положила во април 1979 година и оттогаш работела како стручен соработник во Општинскиот суд Битола, а од 1984 година била Секретар на Општинскиот суд Битола. Во 1986 година за прв пат е избрана како судија во Општинскиот суд Битола и работела се до 1. јули 1996 година кога е избрана како судија во Апелациониот суд Битола. Во текот на работа во Општинскиот и сега во Апелациониот суд Битола работела исклучиво на граѓанска материја, (парничната, вонпарнична, извршна и оставинска постапка). Од 2000 година до крајот на 2004 година работеше како судија во специјализиран совет за работни и стопански спорови. Била Претседател на совет и Претседател на Оддел за работни и стопански спорови, од 1.1.2006 година до 1.9.2008 година беше Претседател на совет за стопански спорови. Член на Управниот одбор на Центарот за континуирана едукација од 1999г до 2006 година. Досега има учествувано на многу семинари и како судски едукатор и како раководител на семинар посебно во областа на граѓанската материја, извршната постапка, трговско право и стечајната постапка. Посетувала и обука за едукатори во 2000 година семинар за лидерство во судската едукација во 2004 година и напреден курс за лидерство во судската едукација во 2005 година во организација на ЦКЕ и ДПК и моментално едукатор во Академија за обука на судии и јавни обвинители. Како член на Управниот одбор учествувала на Конференција за полесен пристап до правдата организиран од Светска Банка во Санк Петерсбург Русија во 2001 година, на втората светска конференција за едукација во Отава Канада во 2004 година и на Регионална конференција за едукација во областа на судските вештини во Херцег Нови Црна Гора во 2003 година. Од 1 Септември 2008 година е именувана за Претседател на Апелациониот суд во Битола.

Снежана Милан Богданоска, претседател на Совет

Снежана Милан Богданоска, Претседател на совет,


Родена на 23-06-1951 година во Прилеп Студирала на Правниот факултет во Скопје од 1970 каде и дипломирала на 27-03-1975 година. Правосудниот испит го положила во Скопје на 28-10-1976 година. Вработена е во Основниот суд во Прилеп од 14-04-1975 како судски приправник а од 01-11-1976 година работи како стручен соработник За судија е именувана на 11-06-1977 година во Основен суд Прилеп каде извршуваше работни задачи и во граѓанскиот и во кривичниот оддел. За судија во Апелациониот суд Битола е именуван на 11-07-2002 година и работи на граѓанската материја

Ристе Ристевски, член на совет
Ристе Ристевски, член на совет


Роден на ден 28.01.1961 година во с.Будимерци, Битола. Студирал на Правниот факултет во Битола, каде и дипломирал во 1986 година. Во 1989 година се вработил како Приправник во Окружен стопански суд Битола, а по полагањето на правосудниот испит во 1992 година добил звање Стручен соработник. Со реформите во правосудството во 1996 година и укинувањето на Окружниот стопански суд Битола, преминал во работен однос во Апелациониот суд Битола. По донесувањето на Законот за државни службеници добил звање Советник. Целиот период работел на граѓанска материја. Во 2005 година избран е за Судија во Основен суд Битола, каде исто така работи на граѓанска материја. За Судија на Апелационен суд Битола е избран на ден 13.09.2010 година. Учествувал на повеќе семинари и советувања, по однос на граѓанската материја, како и на советувања по повод измените на законот на парнична постапка.

Аце Бакиевски, член на совет
Аце Бакиевски, член на совет

Роден е 1959 година во Битола каде го завршува основното и средното образование. Во 1983 година го завршува Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 1985 година се вработува во средното економско училиште “Јане Сандански” во Битола како професор по група правни предмети. Во 1986 година се вработува во Општинскиот суд во Битола како судски приправник, а во наредната 1987 година го положува правосудниот испит. Како стручен соработник работи до 1996 година кога е избран за судија на Основниот суд во Битола. Во 2007 година магистрира на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а во 2011 година на истиот универзитет ја одбрани својата докторска дисертација под наслов “Спор на законитост и спор на полна јурисдикција”. Во декември 2010 година е избран за судија на Апелациониот суд во Битола.
Бил именуван за претседател, заменик претседател и/или член на Изборни комисии при избор на претседател на РМ, пратеници во Собранието на РМ, како и на локално ниво (избор на градоначалник и Советници во општините Демир Хисар и Старавина), учество во комисија за спроведување на референдум; член на Здружението за примена на Македонскиот литературен јазик во службената и во јавната комуникација – Скопје; член на претседателството на КУД “Стив Наумов” – Битола; член на Македонското научно друштво – Битола; член на Здружението на судии. Ментор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители на РМ.
Автор е на следните самостојни научни трудови/книги: “Јавните служби во теоријата и правото на Република Македонија”, Битола, 2007; “Функционирањето на јавните установи во општината Битола од аспект на корисниците”, Битола, 2007 ; “Управен спор”, Македонско научно друштво, Битола, 2012; “Теоретски аспекти на управата и управно - судската контрола”, Македонско научно друштво, Битола, 2012. Има објавувано и во стручното списание на здружението на правниците на РМ “Правник”. Учествувал на многу стручни советувања и семинари, како и член на Комисијата за изготвување на Закон за оценување и дисциплинската одговорност на судиите во соработка и поддршка со ОБСЕ



Нема коментара:

Постави коментар