четвртак, 13. новембар 2014.

КОГА ЖАЛБАТА Е НЕДОЗВОЛЕНА ВО ИЗВРШНА ПОСТАПКА?

     
  ЖАЛБАТА е недозволена и незаконска бидејќи, е поднесена од лице кое како што е наведено и потпишано на жалбата е Помошник на директорот за Филијала Р, Р.М, потпис.
Имено, како странки согласно Член 11, став 1, точка 4 од Законот за извршување ,,странка,, е доверител и должник. Доверител во овој случај е С.Б. АД Скопје, со седиште на ул.,,11-ти Октомври,, бр.7 во Скопје. Бидејќи Доверителот е правно лице, како странка во овој случај може да го претставува и превзема процесни дејствија,  само овластеното лице запишано во Централниот регистар на Република Македонија или согласно Член 81, став 1, алинеја 2 од ЗПП– лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос. Лицето кое е потписник на поднесоците до судот не е дипломиран правник туку дипломиран економист. Но и покрај тоа видно од одговорот на Приговор и поднесената Жалба од Доверителот, нема прилог со кој ќе се легитимира како полномошник со исполнети услови кои ги бара погоре цитираниот член од ЗПП.
                Можеби, лицето Р.М. е раководител на филијалата на С.Б. АД во Ресен меѓутоа, согласно Законот за трговски друштва на кој закон упатува и Законот за банки Член 2, став 1, точка 32, ,,Филијала,, е организационен дел на банка кој нема својство на правно лице и кој директно ги извршува сите или дел од активностите кои ги врши банката, и Член 6, став 3, На работењето на банките основани и со седиште во Република Македонија, на филијалите на странски банки и на филијалите на банки од земји членки на Европската унија се применуваат одредбите на Законот за трговски друштва, освен ако со овој закон поинаку не е утврдено. Според Членот 26  од Законот за трговски друштва, филијалата во Р. е ПОДРУЖНИЦА со подброј 4065549/30 со адреса ПЛОШТАД МАРШАЛ ТИТО бр.15 и истата може да ги врши само  дејностите кои се предмет на работење на друштвото, нема својство на правно лице, а лицето кое е овластено за застапување на подружницата  има ДЕЛОВНО ПОЛНОМОШНО кое пак согласно Член 87 став 1 од Законот за облигациони односи, може да биде дадено во границите на законот, трговското друштво или друго правно лице и со него да го овласти полномошникот да склучува договори и да ги врши другите работи кои што се вообичаени во вршењето на нивната деловна дејност.  Ставот 2 од истиот член определува дека, Деловниот полномошник не може да отуѓи или да оптовари недвижности, да преземе менични обврски или обврски за гаранција, да земе заем и да води спор, ако не добил посебно полномошно за секоја таква работа.
Како што се гледа од поднесената Жалба, истата ја има поднесено ова лице кое со неа нема доставено и специјално полномошно за превземање на ова дејствие кое бил должен да го достави со истата. Исто така и при поднесување на одговор на Приговорот поднесен од должникот, како и во прилозите кон истиот нема доставено доказ за специјално полномошно со кое е овластен согласно позитивните законски прописи. Секако дека неможел, нити во блиска иднина, а за овој случај до завршување на постапката пред Апелациониот суд,сигурно, бидејќи согласно погоре цитираните одредби од Законот за парнична постапка, Законот за банки, Законот за трговски друштва и Законот за облигациони односи нема правна способност да ги извршува дејствијата кои ги превзел во предметот И.бр.408/13 и ППНИ-27/13.
Ова требало да го земе во предвид и Извршителот М.Н. која ако добила (велиме ,,ако добила,, бидејќи, согласноста е адресирана и веројатно пратена на погрешна адреса бидејќи, Извршителот се лоцира со адреса која се наоѓа во 6000 Охрид и на истата нема штембил кога ја примила и деловодниот број под кој е заведена),  Согласност од С.Б. АД Скопје во својство на доверител, а во смисол на Член 170 став 3 од ЗИ со кое е согласна рокот наведен во заклучокот за продажба на недвижноста со усно јавно наддавање И.бр.408/13 од 06.08.2014 година  според кое купувачот е должен да ја плати цената да биде продолжен за дополнителни 8 денови, сметано од денот кога доспева обврската за плаќање на цената. Истата постапила по писмено кое, го поднел неовластен подносител и истото требало со Заклучок да го отфрли како недозволен и согласно Член 177, став 2 од ЗИ требало, Ако купувачот во определениот рок не ја положи цената, извршителот со заклучок ќе ја огласи продажбата како неважечка и ќе определи нова продажба, а во конкретниов случај бидејќи се работи за продажба со јавно наддавање во продолжена постапка, требало да донесе Заклучок со кој се запира извршувањето врз предметната недвижност согласно Член 180 став 4 од ЗИ.
Со превземање или непревземање на овие со закон недозволени дејствија се пробиени сите законски рокови во кои Доверителот можел да превзема определени дејствија со кое на законит начин како Доверител ќе го остварел своето право во извршната постапка.
Што се однесува до вториот поднесок кон Одговорот на приговорот на должникот, Согласност на С.Б. АД Скопје, Сектор за правни работи бр.2879 од 21.08.2014 година, заведен кај Извршител М.Н. под приемен број 03-307-V И.бр.408/13 од 22.08.2014 година рокот за полагање на вкупниот износ на име купопродажна цена за продажба на предметната недвижност да се продолжи за дополнителни 8 (осум) денови иако правно издржана и поднесена најверојатно од овластени подносители нема никаква важност бидејќи, е поднесена надвор од законскиот рок односно, 15 дена подоцна од денот на продажбата на недвижноста односно, седум дена откако изминал рокот што со Заклучок извршителот го определил како рок за плаќање. И за оваа согласнос како доказ не е приложена белешка или Заклучок за продолжување на рокот за плаќање издаден од Извршител М.Н.

Овие сознанија Должникот ги доби кога доби примерок од одговор на приговор од ,,Доверителот,, и прилозите во него, примени на ден 22.09.2014 година, како и по добивањето на жалбата од ,,Доверителот,, примена на ден 07.10.2014 година.

Нема коментара:

Постави коментар