четвртак, 7. мај 2015.

ШОКАНТНО: Кривичната пријава против Милица Николовска, извршител од Битола, одбиена од страна на обвинителот Сребре Јовановски од Ресен

Злоупотреба на правото постои кога, еден субјект користејќи го правото кое му го дава законот, причинува штета на друг субјект, попречувајќи го во остварување на некое негово право.
Злоупотребата на правото во прв план го става субјективниот однос на носителот на правото спрема вршењето на истото и неговите последици.
Злоупотреба на правото постои, ако субјективното право се применува спротивно на целта заради која тоа е дадено на субјектот кој го применува.

Злоупотреба на правото, практично, постои,

Кога, по поднесена кривична пријава против извршителот Милица Николовска од Битола и Даница Митановска помошник на извршителот, во која пријава, доказите се објективни и во пишана форма и се наоѓаат во истата зграда каде се наоѓа седиштето на обвинителството, Решение се носи, со фудбалски речник кажано ,,во деведесеттата минута,, т.е. со истекот на последнито ден кој Законот за кривична постапка го предвидва (три месеци од поднесување на пријавата).


Кој знае колку време ќе му треба на обвинителот Сребре Јовановски ако треба да сработи предмет каде доказите се наоѓаат да речеме на дваесет, триесет, четириесет, а не дај боже на педесет метри или подалеку од неговото седиште, или, да треба да се прават вештачења, увиди, распити, ,,ти рекоф ми рече,,.

Нема коментара:

Постави коментар