недеља, 24. мај 2015.

Виштото јавно обвинителство Битола ја прифати Жалбата на жртвите

Вишото јавно обвинителство Битола ја прифати ЖАЛБАТА на жртвите-оштетени-пријавители, поднесена против Решението на Основниот јавен обвинител Сребре Јовановски од Ресен и го задолжи да ја продолжи постапката против осомничените, Даница Митановска, помошник извршител и Милица Николовска, извршител, двете од Битола.

1.Види ја овде КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА

2.Види го овде РЕШЕНИЕТО НА ОСНОВНИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ СРЕБРЕ ЈОВАНОВСКИ со кое ја отфрлува кривичната пријава

3.Види ја овде ЖАЛБАТА НА ЖРТВИТЕ-ОШТЕТЕНИ-ПРИЈАВИТЕЛИ на  Решението на Основниот јавен обвинител Сребре Јовановски

4.Види го овде Решението на Вишиот јавен обвинител Битола со кое жалбата на жртвите се прифаќа и го задолжива Основниот јавен обвинител Сребре Јовановски од Ресен да ја продолжи постапката против осомничените Даница Митановска, помошник извршител и Милица Николовска, извршител, двете од Битола.

Следете го овој случај и со лајк на фејсбук на Среќна Колекција


уторак, 12. мај 2015.

ПОТРЕСНА ЖАЛБА НА ЖРТВИТЕ, ДО ВИШОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ПО ОТФРЛЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА


Потресна ЖАЛБА на жртвите, до Вишото јавно обвинителство Битола, по отфрлената кривична пријава од страна на Основниот јавен обвинител Ресен Сребре Јовановски

1.Види ја овде КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА





2.Види го овде РЕШЕНИЕТО НА ОСНОВНИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ СРЕБРЕ ЈОВАНОВСКИ со кое ја отфрлува кривичната пријава


3.Види ја овде ЖАЛБАТА НА ЖРТВИТЕ-ОШТЕТЕНИ-ПРИЈАВИТЕЛИ на  Решението на Основниот јавен обвинител Сребре Јовановски




Следете го овој случај и со лајк на фејсбук на Среќна Колекција

четвртак, 7. мај 2015.

ШОКАНТНО: Кривичната пријава против Милица Николовска, извршител од Битола, одбиена од страна на обвинителот Сребре Јовановски од Ресен

Злоупотреба на правото постои кога, еден субјект користејќи го правото кое му го дава законот, причинува штета на друг субјект, попречувајќи го во остварување на некое негово право.
Злоупотребата на правото во прв план го става субјективниот однос на носителот на правото спрема вршењето на истото и неговите последици.
Злоупотреба на правото постои, ако субјективното право се применува спротивно на целта заради која тоа е дадено на субјектот кој го применува.

Злоупотреба на правото, практично, постои,

Кога, по поднесена кривична пријава против извршителот Милица Николовска од Битола и Даница Митановска помошник на извршителот, во која пријава, доказите се објективни и во пишана форма и се наоѓаат во истата зграда каде се наоѓа седиштето на обвинителството, Решение се носи, со фудбалски речник кажано ,,во деведесеттата минута,, т.е. со истекот на последнито ден кој Законот за кривична постапка го предвидва (три месеци од поднесување на пријавата).


Кој знае колку време ќе му треба на обвинителот Сребре Јовановски ако треба да сработи предмет каде доказите се наоѓаат да речеме на дваесет, триесет, четириесет, а не дај боже на педесет метри или подалеку од неговото седиште, или, да треба да се прават вештачења, увиди, распити, ,,ти рекоф ми рече,,.

понедељак, 4. мај 2015.

ЕКСКЛУЗИВНО: ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ИЗВРШИТЕЛ Милица Николовска и нејзината помошничка, до Основното јавно обвинителство Ресен

Користењето на личните податоци и податоците на трговското друштво, како поднесувачи на кривичната пријава, во оваа објава се со дозвола на истите.Пријавените се лица со јавни овластувања и подлежат на надзор над нивната работа од страна на законски институции но и од страна на јавноста бидејќи, работата на овие лица и нивното законито постапување е важно за правниот поредок и слободите и правата на граѓаните.

Кривичната пријава можете да ја видите ТУКА.

понедељак, 23. фебруар 2015.

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД РОДИТЕЛ НА ТРОЈЦА СТУДЕНТИ 2


          Пак е понеделник, сега 23.02.2015 година, 00:25 часот, гледаме Златна буба мара. Ме инспирира пак да пишувам д-р Неле Карајлиќ и неговиот поздрав до Студентскиот пленум.
          Во односна коментарите на моето прво писмо им благодарам на сите, секој има сопствено размислување и тоа е негова работа, но има еден коментар на кој ќе му се заблагодарам на крајот од ова писмо. А да, бидејќи најмногу од подржувачите на студентскиот пленум ми наоѓаа правописни грешки во текстот, остатокот од писмово ќе го пишувам по мое, па кој разбра, разбра.
          Никој од овие подржвачиве на пленумиве, ама со ништо ево досега не ма убеде во нешто друго од то што го мислев до сега. Целта на моето писмо беше да кажам дека имат и други студенти и други љуѓе во државава и сум убеден дека са многу појќе од тн окупатори. Окупатори, дури одбрале и вистински  збор. Во историјава на чоештвово, ни еден окупатор не останал вечно на окупираната територија. Зошто? Зато што колку и да го имат, неможит да е поброен от тие чие место го окупирале. Не можел дури ни Хитлер ни Цар Борис да донесат толку окупаторска војска во Македонија која ќе е побројна и поголема от македонскиот народ. Така да и то ќе поминит ама мојот страв останвит зошто овде са работат за млади љуѓе окупатори и млади љуѓе окупирани. Дури и професор Ванковска доцна го сфате ова и сега нешто друго зборвит. Ама ако, никогаш не е доцна.
          Сега за поводот зошто пак да напишам писмо. Д-р Неле Карајлиќ, овие окупатори не го познават. Е јас го познавам зошто тој и компанија от ,,Топ листа надреалиста,,беа вистински ПЛЕНУМ во осумдесетите от минатиот век. Зошто ПЛЕНУМ беа тие а не овие? Во средината на осумдесетите од минатиот век, за овие новиве окупатори да разберат, немаше појќепартиски систем, дури немаше ни партија ко шо са денес. Една беше и сите мораја да са во истата. Разни мислејна? Ни под разно. Е тогаш,појќето от овие денешниве т.н. професорски пленум беа или студенти или млади благонадежни асистенти. Остај шо ни на крај памент не му падвеше да прат пленуми туку на кого ќе му праја, на татко му? на мајка му? на дедо му? на бабаму?......... Не дај боже, на правен на некој да му текнеше нешто вакво, претседателот на основната организација на сојузот на комунистите от правен, асистент Љубомир Данаилов Фрчковски со трчајне ќе одеше к`ј деканот и ќе та кажеше. А ако гледаш од денешен аспект, тогаш беше пооправдано да са прат пленуми зошто власта беше една, вечна, партија една, секаде исти љуѓе. Денес,избираш секои четири години, дури во последниве неколку и секоја година. Така е скоро во цел свет, така е и к`ј нас. Кој победвит тој раководит. Се друго ќе е ко к`ј нас от средината на осумдесеттите години от минатиот век.
          Ааа, за Неле да докажам. Тој, Џуро и тајфата от ,,Топ листа надреалиста,, беа вистински пленум на младите от тогашна Југославија. Тие беа авангарда, предводници на слободната млада мисла. Авангарда на тие шо бараја нешто друго от то шо го имавме. Бараја, а ние ги поддржвевме, мислата да е слободна и секој да ојт во некаков сојуз к`ј шо ќе си најт љуѓе шо мисљат ко него. Овие пленумци не знатдека целта беше да са напрет појќепартиски систем и со изложвејне на програма прет народот државата да ја водат оние кој ќе ги изберит народот. Е за то са бореше д-р Неле Карајлиќ тогаш кога Љубомир Данаилов Фрчковски му купвеше бурек на професор Тупурковски, а ко ќе небеше тој тука, а скоро и да не беше, зошто беше дел од водство на една самоуправна, социјалистичка држава, нас ни изиграваше фраер а, ко ќе наминеше професорот на факултет, пак трчај по бурек.Д-р Неле и компанија, капа му извавам, беа претвесници на то шо са случе почетокот на девеесеттите от минатиот век. Ама денес, д-р Неле е чоек во годинии сигурно уште е во истиот убаф филм от осумдесеттите. Ако не знет ево јас му кажвам, Д-р Неле, во Македонија имат појќепартиски систем и веќе владеат народот преку свој претставници кои ги бират на слободни и демократски избори. Не погани си го ј`зикот д-р Неле сега кога веќе си легенда за нашата генерација.
          Рекоф дека немат да коментирам или одгорвам на коментарите шо беа давани на моето писмо ама, на Трајче Талевски кој са претставе ко професор и член на Професорскиот пленум, дури донирал и една дневница за нивна подршка и кој ма праша онака, во комарџиски стил, шо ако тие успеле во својте намери? Јас одма да му кажам, немат шанса. Дали мојте деца ќе ги користеле придобифките што ќе ги извојуват овие пленумци. Демек, мојте деца сега са шлепале и секогаш во животот ќе са шлепат. Било жално от мојте деца да сум прел полтрони и неспособни да мисљат со своја гла и дека, по се полтронството било наследна особина.  
          И сега шо да речам,да не са пишеше ко професор кој ги униште сите риби во Охридско езеро,кој нити ма разбра шо сакаф да кажам, нити онака во академски стил даде некое решение. Ама пошто е професор и го пиша то шо го пиша а јас сум от Ресен, а ние преспанци не останвиме должни на никого ќе го прашам? Пошто ја знам жена ти и знам дека е позната ко ,,длабоко грло,, дали истото важит и за твојте две ќерќи? Ако ти е точна тезата професоре, логичниот заклучок е........ Ех ММЕ кој прв почна!
          Ах пуста ,,Нова`49-та,, шо ни напре! На науче дека за ,,лајнари, со лајнарски цефки требит,,

          Тони Нанчовски, родител на тројца студенти. 

четвртак, 19. фебруар 2015.

МОИТЕ ДЕЦА НЕМА ДА ОКУПИРААТ

Отворено писмо на родител на тројца студенти,

Денес, понеделник, 16.02.2015 година денот ми почна вообичаено. Прва обврска секој понеделник ми е да ја посетам една од банките во мојот град и да пратам пари кај моите три деца студенти во Скопје. Само јас и сопругата знаеме како врзуваме крај со крај, само да ги школуваме нашите деца. Дури мораме секој понеделник да праќаме пари бидејќи, неможеме тоа да го сториме еднаш месечно. Никогаш не се знае дали некоја седмица ќе мора да ја прескокнеме и да им кажеме на нашите тројца студенти да си кратат од следувањето од претходната недела за да преживеат со минималецот кој едвај им го праќаме. Но, нивната желба за образование и радоста на нивните родители дека имаат три чеда идни академски граѓани се мотив невиден. Нема родител кој нема да се жртвува ако неговите деца сакаат да учат. Да не споменувам дека, до 31.01.2015 година уредно ги уплативме средствата за партиципација и кофинансирање. Но и тоа не е тешко, господ ќе врати, само децата да учат и да се живи и здрави.
Радоста дека денес успеав да соберам пари и да им го пратам неделното следување, кратко ми траеше.
Околу пладне ми се јавува еден од моите синови кој е во прва година на еден од техничките факултети. Јас мислам се јавува да праша, дали сум го пратил следувањето па да оди до банкомат да ги извади парите. И тоа ме праша, ама ми кажа нешто што многу ме загрижи и вознемири. Вели:
,,Тато, денес немавме предавања, факултетот беше окупиран. Почна часот а на предавањето влегоа и други студенти кои не се од нашата група, придружувани од професори кои ги поддржуваат и почнаа да го оневозможуваат предавањето со гласно зборување и дофрлување на прашања кои не се ни предмет на изучување на нашиот факултет и повици до нас да се придружиме на окупацијата. Немаше услови да се одржува настава по што моите колеги почнаа еден по еден да излегуваат, а нашиот професор исто така затечен не смируваше со зборовите,,Ќе надоместиме подоцна,, откако ние излеговме, излегоа и ја напуштија предавалната и останатите и се вратија кај своите колеги кои го ,,окупираа,, факултетот. – Каде сте ти и сестра ти сине сега? Не се плаши тато јас, сестра ми и еден наш колега сега одиме на кафе и одиме дома. Бато, преку фејсбук разбрал дека и на правен било исто и воопшто денес не отиде на факултет, а тој како што е принципиелен кажа дека додека не се ослободи окупираниот факултет воопшто нема намера да оди на факултет,,
            И сега што еден родител да помисли? Децата ми се во опасност! Како бе нема предавања? Кога бе овие деца ќе надоместат тоа што со окупација им било скратено? Јас едвај успевам седмица до седмица да преживеам за да школувам деца а некој ги окупира факултетите. И потоа си велам. Запри бе малку, помисли и ти кога беше на факултет, како беше?
            Да, и јас во младоста бев анархист, ама, уште во првата година на факултетот сватив дека добро е да си анархист ама во општество во кое сите се договориле да живеат анархистички. Да тоа е врв на човековата слобода. Секој да живее онака како што сака. Ама, во општество и држава која е уредена со Устав и закони, и каде дури и половина од граѓаните да бидат анархисти а другата половина да бидат лица кои го почитуваат правниот поредок, настанува проблем. Не може да функционира општество каде хармонично би егзистирале овие две групи. И уште во средните осумдесетти години се откажав од анархизмот сфаќајќи дека тој функционира само ако целото општество е такво а, во општество кое се стреми Уставот и законите да функционираат, анархизмот е голем проблем.
            Кој сте бе вие студентски пленуми, професорски пленуми, окупатори и слични описни архаични термини што играте на тенка жица? Зар вашите неартикулирани и нејасни барања треба да ја загрозат егзистенцијата и животот на други ваши колеги кои сакаат да учат? Па и тие се на Ваша возраст, исто и ним крвта им врие, ги има дури и повеќе од Вас а не сакам ни да помислам што ќе се случи ако од утре тие пак во Ваш стил решат да ги деокупираат факултетите.
            Луѓе! Свестете се. Ова мора да престане.
            Јас пак сум доволно зрел да сватам дека целта на овие окупации е да реагира правната држава и нормално тука ќе има камери, па симулирани тепачки, па плачење и незнам што и тоа врз студенти, па странски медиуми и ете ти беља.
            Моите деца таму нема да се, ама се плашам што ако моите деца и нивните истомисленици рашат да ги деокупираат факултетите. Е тогаш луѓе мои џабе е се!!!
            На крајот од нашиот разговор како родител не дадов совет, нека се лути кој сака, ДАДОВ НАРЕДБА: Нема одење на факултет додека оваа рашомонијада не се реши и утре под итно да се вратите во Ресен. Барем за автобуска карта денес ви пратив пари.


Тони Нанчовски, родител на тројца студенти

петак, 2. јануар 2015.

отворено писмо до НИКОЛЧЕ, пропаднат адвокат и многу јак нотар от Ресен




                 
                  НИКОЛЧЕ, НИКОЛЧЕ, сега можам да кажам дека от лани не са јавеваш.
Првин да расчистиме неколку работи.
Ти, по Уставот на Република Македонија во најпростото тумачејне, си слуга на народот. То значит дека, благодареније на мене, на друг, на трет и така натака си кладен на то место, шо ти си мислиш дека е твоја приватна сопственост. Ако не требело да постојаш неуту ќе си бил то шо си замисвлиш дека си туку, ќе си седеше от к'ј шо дојде и ко шо си беше.
Сигурно ко та кладо на то место, а јас, друг, трет и така натака, дадофме право, си рече: ,,Ја фатифме столицава, збогум сиромаштијо" ама да знеш, не било така. За да си речиш така, требит да имаш или от деда или от татка наследено нешто а, најубо е, ако чесно ти самиот си го сработал. То би било, занат. Приватно си работаш, шо ќе сработаш твоје е, ако та бидвит ти си заслужен, ако не та бидвит ти си си криф.
Е ова твојево не е такво. Ние ти го дадофме, нас да ни служиш и ко ќе ти побараме услуга да ни ја дајш. И шо најмногу ма секират во целава ова работа, то шо та кладофме таму не значит дека ја кладофме и твојата фамилија, па тие дури да са прат попаметни от тебе и да му сољат памет на народоф.
Си седам и си мисљам. Уба работа ова државниоф испит ама, да го преположиме сиве, от прф до последен. Зошто? Не можит новиоф народ да полагат државен, а овије стариве шо ја фатиле столицата да истуркат век, ко ништо да не са случило и да си мисљат дека можат и на синојте да му ја остат работата шо му ја дал народот.
Е сега, зошто вака со отфорено писмо?
Ами, ко шо рекоф на почетокот, уште лани некако стигнаф до тебе и побараф да напреш нешто шо законите ти вељат да го напреш. Ми кажа да одам сега и да донесам то шо требит и другата особа да дојт со мене.Насмен беше бе керата, си рекоф арен чоек е овај НИКОЛЧЕ. Си рекоф, иако ти си должен со сите шо идат к'ј тебе да си арен. Такфа работа ти дадофме.
 Излегоф, ојдоф по разни државни и недржавни институци, собраф то шо ми рече и со другата особа дојдоф пак, к'ј тебе. Јас си мислеф дека ти си главниот ама ти сејш молчиш, а фамилијата ми кажвит ова вака требит, она онака требит. Та пуљиме и са чудиме ама, ај си рекофме да не вистина така требит а во ак'лоф ми са моткат разни работи. Дури фамилијата ми рече ако нешто не ми било јасно да си го опитам тој шо ми го клал печатот. Да ти кажам право, јас уште тогаш скоптисаф шо е работата ама ај од учтивост си рекоф ,,де бре стави са, ко сме ги клале љуѓево овде сигурно знат појќе од нас иначе, није ќе бефме место ниф" Станафме пак си ојдофме, по трет п'т.
Седнаф, го зедоф законот вр'це читам и шо да видам. Се поинаку от то шо ми велеше твојата фамилија а ти седеше, молчеше и ништо не велеше. Сепак ти си малку поопитен од фамилијата која е се уште аџамија. Можит та е аџамија ама, мене шо ми је гајле за то?
Пак дојдоф, по четврти п'т. Арно и шо некако успеваф да дојдам до тебе. Зборвам јас, зборвит фамилијата а ти демек, ко главен го даваш завршниот збор. Пушти барајне на писмено и демек ти ќе си ми одгорел зошто не ја биват ова работа ко што јас, главниот, барам од мојот уставно, законски, потзаконски, деловнички и како не поставен слуга да ми сфршит една работа.
А бре госпот да чуват, ајде, се шо ми рече и на писмено го напреф. Ова беше петти чекор. Се си напишаф, го пуштиф преку пошта препорачано и ево од лани ни л'ф ни с'д'ф от тебе.
Ај сега кажи ми НИКОЛЧЕ, кој ќе одговарат ако са напрет некаква штета,  ако дур решиш ти да ми одгориш, некој од ние двајцата шо дојдофме к'ј тебе, не дај боже умирит.
Сега са пљус и празници и да ти кажам право, појќе не ми са пишит ама, утре да знеш сигурно ќе го допишам писмово. Да не останиме донеразбрани...................................................................................