петак, 2. јануар 2015.

отворено писмо до НИКОЛЧЕ, пропаднат адвокат и многу јак нотар от Ресен




                 
                  НИКОЛЧЕ, НИКОЛЧЕ, сега можам да кажам дека от лани не са јавеваш.
Првин да расчистиме неколку работи.
Ти, по Уставот на Република Македонија во најпростото тумачејне, си слуга на народот. То значит дека, благодареније на мене, на друг, на трет и така натака си кладен на то место, шо ти си мислиш дека е твоја приватна сопственост. Ако не требело да постојаш неуту ќе си бил то шо си замисвлиш дека си туку, ќе си седеше от к'ј шо дојде и ко шо си беше.
Сигурно ко та кладо на то место, а јас, друг, трет и така натака, дадофме право, си рече: ,,Ја фатифме столицава, збогум сиромаштијо" ама да знеш, не било така. За да си речиш така, требит да имаш или от деда или от татка наследено нешто а, најубо е, ако чесно ти самиот си го сработал. То би било, занат. Приватно си работаш, шо ќе сработаш твоје е, ако та бидвит ти си заслужен, ако не та бидвит ти си си криф.
Е ова твојево не е такво. Ние ти го дадофме, нас да ни служиш и ко ќе ти побараме услуга да ни ја дајш. И шо најмногу ма секират во целава ова работа, то шо та кладофме таму не значит дека ја кладофме и твојата фамилија, па тие дури да са прат попаметни от тебе и да му сољат памет на народоф.
Си седам и си мисљам. Уба работа ова државниоф испит ама, да го преположиме сиве, от прф до последен. Зошто? Не можит новиоф народ да полагат државен, а овије стариве шо ја фатиле столицата да истуркат век, ко ништо да не са случило и да си мисљат дека можат и на синојте да му ја остат работата шо му ја дал народот.
Е сега, зошто вака со отфорено писмо?
Ами, ко шо рекоф на почетокот, уште лани некако стигнаф до тебе и побараф да напреш нешто шо законите ти вељат да го напреш. Ми кажа да одам сега и да донесам то шо требит и другата особа да дојт со мене.Насмен беше бе керата, си рекоф арен чоек е овај НИКОЛЧЕ. Си рекоф, иако ти си должен со сите шо идат к'ј тебе да си арен. Такфа работа ти дадофме.
 Излегоф, ојдоф по разни државни и недржавни институци, собраф то шо ми рече и со другата особа дојдоф пак, к'ј тебе. Јас си мислеф дека ти си главниот ама ти сејш молчиш, а фамилијата ми кажвит ова вака требит, она онака требит. Та пуљиме и са чудиме ама, ај си рекофме да не вистина така требит а во ак'лоф ми са моткат разни работи. Дури фамилијата ми рече ако нешто не ми било јасно да си го опитам тој шо ми го клал печатот. Да ти кажам право, јас уште тогаш скоптисаф шо е работата ама ај од учтивост си рекоф ,,де бре стави са, ко сме ги клале љуѓево овде сигурно знат појќе од нас иначе, није ќе бефме место ниф" Станафме пак си ојдофме, по трет п'т.
Седнаф, го зедоф законот вр'це читам и шо да видам. Се поинаку от то шо ми велеше твојата фамилија а ти седеше, молчеше и ништо не велеше. Сепак ти си малку поопитен од фамилијата која е се уште аџамија. Можит та е аџамија ама, мене шо ми је гајле за то?
Пак дојдоф, по четврти п'т. Арно и шо некако успеваф да дојдам до тебе. Зборвам јас, зборвит фамилијата а ти демек, ко главен го даваш завршниот збор. Пушти барајне на писмено и демек ти ќе си ми одгорел зошто не ја биват ова работа ко што јас, главниот, барам од мојот уставно, законски, потзаконски, деловнички и како не поставен слуга да ми сфршит една работа.
А бре госпот да чуват, ајде, се шо ми рече и на писмено го напреф. Ова беше петти чекор. Се си напишаф, го пуштиф преку пошта препорачано и ево од лани ни л'ф ни с'д'ф от тебе.
Ај сега кажи ми НИКОЛЧЕ, кој ќе одговарат ако са напрет некаква штета,  ако дур решиш ти да ми одгориш, некој од ние двајцата шо дојдофме к'ј тебе, не дај боже умирит.
Сега са пљус и празници и да ти кажам право, појќе не ми са пишит ама, утре да знеш сигурно ќе го допишам писмово. Да не останиме донеразбрани...................................................................................

Нема коментара:

Постави коментар