понедељак, 3. новембар 2014.

ДОСТАВАТА ВО ИЗВРШНА ПОСТАПКА

                    За да знеш дека некој шо можит то да го прет, донел некој правен акт шо са однесвит на тебе, то нешто и требит некако да стигнит до тебе. Е сега, зависит шо е то. Некој работи можат да стигнат по пошта ко обично писмо, Некој работи можит да стигнат по пошта со препорачано писмо а, некој работи требит да стигнат до вас со препорачано писмо ама со повратница. Повратница е едно писуле на које вие са потпишвите и го клавате датумот кога сте го примиле писмото. На то писуле поштата мават печат со датум и му го враштат на тој шо го пуштил писмото. 

                        Е сега, како са пуштат правни акти (закључоци) во извршна постапка. За ова нешто Законот за извршвејне велит:
Член 46- а
1) Доставата на судските писмена извршителот ја врши според одредбите од Законот за парнична постапка и овој закон.
2) Доставата на актите кои произлегуваат од работата на извршителот предвидени во членот 40 од овој закон се врши со непосредно предавање на актот од страна на извршителот и по пошта.
3) Извршителот е должен секој неуспешен обид за достава да го констатира со службена белешка.
4) Ако доставата согласно ставовите 1 и 2 на овој член остане безуспешна,  доставата се врши со јавна објава.
                    Правните акти шо ги носит извршителот а то са закључоци и слично спадват во актите од ставот 2 на овај член, извршителот требит или да ти ги донесит сам и да ти ги дајт на р,ка или да ти ги пуштит по пошта. Арно ама, во ова постапка рокојте за приговарајне и исправевајне на грешки е многу кус, само три дена, се ова требит да е убо напрено и да имат доказ дека вистина писмото стигнало до тој шо требит. 
                      

Ако извршителот не решит сам да та барат и да ти го дајт писмото или ако решит да дојт можда ќе згрешит и истото ќе му го дајт на комшијата, тој најчесто са решават то да ти го пуштит по пошта. Ево како ојт та работа. Извршителот носит закључок, го клават во плико, ја пишит твојата адреса, мават штембиљ ЛИЧНО НА РАКА и го носит на пошта. Поштата од еден град го носит во поштата на другиот град. Таму то писмо го земат поштар и со торбата вр,це тргвит накај тебе.

И се е убо ако та најт дома. Арно ама секогаш ко да идит поштарот ние не сме дома ако немаме некој пензионер шо ќе му ја отфорит вратата. Ако имаме ќе му го дајт писмото и готова работа.

Е сега ако не ва најт дома или како шо рекоф немате дома пензионер, требит да ви остет извествејне кога и к,де требит да сте за да ви го дајт писмото на р,ка. Ако во меѓувреме сте го нашле извествејнето ви пишит дека можите да ојте и на пошта и да си го земите писмото. То отприлика изгледат вака;
Значит, ќе ти дајт 5 или 8 дена да си избериш кога сакаш да си го земиш писмото. Или можит, за да не трошит хартија да ти дајт извествејне и на писмо од некој друг шо ти го пуштил, многу ми је јако ова ,,ПОТРАЖНИЦА,,. Се ова е економично, по тро и смешно ама не е законски. Зошто? Зато шо сево ова не е гаранција дека писмото стигнало до тебе, нити пак тебе та обврзвит да ојш да бараш писма шо са резултат на вакви заебанции.

И сега, ако извршителот не дошол лично да ти го дајт писмото, ако немат потврда дека поштарот ти го дал писмото на р,ка требит да постапит по еден друг член од Законот за извршвејне шо велит:
 Член 46-б
1) Ако живеалиштето или престојувалиштето, односно седиштето на
странката е непознато за извршителот чие писмено се доставува, или пак извршителот не можел да изврши уредна достава до странката по пат на предавање, или по пошта, извршителот доставата ја врши со јавна објава.
2) Објавата извршителот ја врши преку дневен печат кој е во оптек на целата територија на Република Македонија, секојдневно во текот на шест последователни броја. Ако странката на која и се врши достава употребува службен јазик различен од македонскиот јазик, извршителот објавата ја врши и преку дневен печат кој излегува на јазикот кој го употребува странката.
3) Објавата се врши и со еднократна објава во „Службен весник на
Република Македонија”.
4) Објавата ги содржи: називот на извршителот, името/називот на странката,  познатата адреса, бројот на предметот, краток приказ на основот на предметот и периодот во кој што странката треба да се обрати до извршителот.
5) Објавата содржи и предупредување за странката дека таквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека за негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
6) По истекот на периодот од став 2 и 3 на овој член се смета дека странка е уредно известена за писменото.

                    За жаљ, извршителите не са придржват до овије одредби од Законот за извршвејне и си прат бајрам со умот дека ако добијат од пошта извествејне дека не примат адресатот или не добијат никакво извествејне од поштата, дека уредно си ја извршиле доставата. Зошто? За побрзо да си ја завршат работа и да си ги земат нивните пари. Дали борчлијата ќе е оштетен со овије незаконски дејанија нив уво не ги болит. Ама ги болит борчлите и настанват бељи. 
                              Е, ај сега за бељите, во некоја друга прилика...




Нема коментара:

Постави коментар