среда, 26. новембар 2014.

А БЕ, ЈАС НЕ СУМ ЗНЕЛ ДА ЧИТАМ!!!

   
 Денес, во разумен рок од кога нашата компанија поднесе претставка/поплака  , до Претседателот на Апелациониот суд Битола г-ѓа Даница Ристева, добивме одговор на истата, а се однесуваше на Решение на Апелационен суд Битола ТСЖ-713/14.
     Затоа, по некогаш треба да се прават и ПРИВАТНИ РЕВИЗИИ за да се споредат со други документи, а неофицијалниот суд да си го донесе секој самиот и оние кои се стремат правото да се применува.
     А шо са однесвит до мене, овај одговор си го сфатив многу сериозно. Седам и си мисљам, а бе ти си бил многу прост. Зашто? Месец и пол си го читаше Решејнето на судот и неразбра еден куп работи, ама пред да видите шо не разбрав, видејте ги и овие решенија на крстозбор. Овде фалит уште: КОЗАЧКИ ВОДАЧ - ПРЧ.






  1. Не сфатиф дека, до судот можит да са обраќат кој како ќе му текнит. Значит, за мене можит на некој сосем десети да поднесвит шо сакат без јас да му дам дозвола за то.
  2. Дури и некој неписмен, ако са работат за големи пари прет судот можит да са појавит и да кажвит шо сакат
  3. Ако во номојте пишит дека жалбата е недозволена ако ја поднесит неовластено лице и судот сам требит да ја отфрлит, значи можело и да ја прифатит а јас то не сум го разбрал.
  4. Не сум сфатил дека, ако имат член во номојте шо велит шо судијте испитват по службени овластвејна и за ниф то е задолжително, не било така, зошто јас не знам да ги читам номојте.
  5. Решејнето на Претседателот на основниот сут во Ресен сум го разбрал ама, за да го разберам Решејнето на Апелациониот сут Битоља требело да знам појќе и дека имам некаков проблем со логичкото читајне на писанија
  6. Не знеф дека нешто што ќе било напишано на 27.08.2014 година можело на р,ка да са примит на ден 06.08.2014, значит во овај случај јас имам проблем со времето и просторот.
  7. Писма шо са наменети за еден, секој можит слободно да му ги дајт на кого сакат и со то демек, работата со предавајнето на истите е завршена. Изгледа дека мојево сфаќање за то дека ако нешто некој го адресирал на мене, то не значит дека ако му го дале на комшијата дека, јас не сум го добил  туку напротиф, итокако сум го добил.
  8. Или пак ако сум добил нешто по пошта на 04.09.2014 година, а со писмото са повиквам на 03.09.2014 да са јавам, то значело дека имам пак проблем со времето и просторот и кој ми е крив шо на 04 не сум са јавил на дељејнето на 03. И кој ми е крив шо прилепчани имат поинаква перцепција за време и простор.
    та несме саде ние, та не сме саде тука
  9. Самиот си сум крив шо извршителот еднаш му ги дал истите писма на комшијата а после ми ги пуштил и по пошта на 04, а са однесвеле за 03.
  10. Јас си сум крив шо судот ги испомешал овие две достави а јас, не сум разбрал дека не биле измешани.
  11. Самиот си сум криф шо секој ден не шетам по комши за да ги опитам дали некој нешто остел за мене за да можам, ко ќе ми текнит да са жаљам за нешто да имам за шо да са жаљам.
  12. Кој ми е криф шо судот нашол дека крајно и на 09.09.2014 нешто пак стигнало за мене ама јас не сум приговорил на то?
  13. Кој ми е криф шо не одам два п,ти дневно напошта да прашвам да не имат МиНи нешто пуштено за мене за да не пропуштам некој рок иако, и МиНи барала од поштата да и кажат дали имала пуштено такво нешто. Сега дури разбрав дека, и МиНи да не имат ништо пуштено судот знет дека имат пуштено.
  14. Е, една од најголемите неразбирања шо ми са случија е то шо судот ма потсете дека требело да дам тужба а јас не сум знел иако сум должникот а то можат да го прат само тие кој требело да ги дељат парите. Е Тони, Тони, не си го послуша судот и не си поднесе тужба.
  15. Будала сум бил шо приговарав дека рокојте во законите и не биле толку важни и дека секој можело да си поднесвит согласности ко ќе му текнит а не кошто си мислев јас во рок од 8 дена и можело да ја дајт кој сакат.
  16. Најголемото неразбирање сум го имал во тврдејнето на судот дека еднаш имало уредно доставвејне ама после било неуредно. Значи јас имам проблем со логиката ко си мислев дека ако еднаш е уредно, стално е уредно. Ако еднаш е неуредно засекогаш е неуредно. А Тони, Тони, ти си бил тотален глупак и не разбран чоек!
  17. Не си знел бе Тони дека печат од фирма си е печат. Дали тој е печатот на тој шо требит да го удрит или на некој шо нетребит било исто и види богати, најважна работа е мурот да е тркалезен и стереотипно во сина боја. Шо пишит на него и кој са потпишфит до него не е важно. А бе Тони! ти си бил скроз.
          Јас пак, си мислев дека секој нормален чоек ко ќе читат нешто требит истото и да го разберит. Истото си го мислев до денес дека ко ќе читаш ОБРАЗЛОЖЕНИЕ на некоје сутско писаније требит да разбериш и да ти станит јасно зошто судот донел диспозиција таква ко шо ја донел. Значи сум бил во заблуда. Не било то така. Шо и да пишело, дали ти си разбрал или не, твој проблем е, а станвит проблем и на сите други шо го читат. Важно било дека тие шо го написале самите си знеле.
         Еми тогаш, шо туку ми пуштат примероци и мене, ко не било важно дали јас сум го разбрал, дали го разбрале уште десетици други љуѓе, нека си ги пишат решејната и нека си ги пикнат таму кај шо требит, никој друг да не ги видит.
           Јас шо сфатив од ова. Ништо. Ама изгледа овие са трудат да немат извршители, нити Закон за извршвејне зошто, според писаниево на Апелациониот сут Битоља, барем јас така сфатив дека, шо и да напрел извршителот е ОК. Ами тогаш чуму ни са извршители и закони. Кој борџит, нека му земат се, нека си умрит и волкот сит и офците на број.

ps:     Текстов е пишуван на ресенски дијалект. Термините, фразите и начинот на опис на стварите одговара на менталитетот и сфаќањата на преспанчани и за нив тоа не е навредувачко говорење. Однапред се извинувам ако некој читател или тие на кои се однесува ова се најдат повредени од ваквиот стил на пишување.

Нема коментара:

Постави коментар