среда, 19. новембар 2014.

НОТАРСКИ МАКИ (ресенски нотарски патешествија)

Нотаријатот е самостојна, независна јавна служба во која се вршат работи од типот на јавни овластувања врз основа на закон, по барање на граѓаните, државните органи, правните лица и други заинтересирани граѓани.
Нотарот е лице кое врши јавни овластувања утврдени со закон, именувано од министерот за правда, кое нотарската служба ја врши како исклучиво занимање.

Нотарот ги врши нотарските работи слободно, независно, самостојно, стручно и непристрасно, врз основа на Уставот, на законите, на ратификуваните меѓународни договори и други прописи и општи акти засновани врз закон.
Нотаријатот кај нас е уреден со Законот за нотаријат и низа подзаконски акти донесени од страна на Министерството за правда.
Бидејќи, оваа служба се повеќе завзема дел од секојдневното живеење на граѓаните, разни институции се трудат нотаријатот да го доближат до граѓаните.
Најчести потреби и барања од граѓаните до нотарите се т.н. потврдување на фактите и изјавите меѓу кои спаѓаат: Заверка на преписи на исправите и Заверка на потпис или ракознак.
Заверката на потпис или ракознак (легализација) на приватна исправа е регулирано со Член 63 од Законот за нотаријат кој вели: 
(1) Нотарот мора да потврди дека странката во негово присуство своерачно ја потпишала исправата, или ставила свој ракознак, или го признала потписот, односно ракознакот на писменото како свој.
(2) Идентитетот на странката мора да се утврди во согласност со одредбите на овој закон.
(3) Заверката со повикување на бројот на Уписникот за заверки и потврди, се става на исправата која се заверува.
(4) При заверката на потписот нотарот се запознава со содржината на исправата, само толку за да може да ги пополни рубриките на Уписникот за заверки и потврди, а тој не е одговорен за содржината на писменото ниту е должен да испитува дали учесниците се овластени за таа правна работа.
(5) При заверка на потписот нотарот е должен да ја запознае странката дека се потврдува само потписот, но не и содржината на исправата.
(6) Нотарот не може да завери потпис на исправа која не е составена на службен јазик.
(7) Ако се заверува потпис на лице како застапник на некое правно лице или државен орган, нотарот може во заверката да потврди дека тоа лице се потпишало за правното лице или државниот орган, само ако претходно утврдил дека лицето е овластено да го стори тоа.
(8) Застапник на правно лице може кај нотарот да депонира свој потпис. Врз основа на записникот за депонирање на потпис, нотарот кај кој е извршено депонирањето е овластен да изврши заверка на потпис на лицето кое го депонирало својот потпис.
Ова дејствие е регулирано и со Правилникот за формата, начинот на пишување и обележување на нотарските исправи и за формата и начинот на потврдување на фактите и изјавите каде, во Членот 17 се вели:
Заверка на потпис или ракознак на странката, нотарот врши со ставање на штембил за заверка на потпис или ракознак или со испишување на содржината на штембилот на компјутер, машина за пишување или со друго механичко средство за пишување (Образец бр.9 од ППШ).
Потврдата за заверката од став 1 на овој член се врши откако ќе се извршат сите уписи и ќе се стават потребните потписи.
Потврдата за заверка на потписот или ракознакот се става на крајот на исправата, под потписот на странката.
Со заверката на потписот или ракознакот се потврдува дека странката во присуствона нотарот  ја  потпишала  исправата,  ставила  свој  ракознак,  или  го  признала  потписот, односно ракознакот како свој.
При заверка на потписот или ракознакот се пополнуваат податоците кои ги потврдуваат фактите што се предмет на заверката. 

     Е сега, се е добро ако е добро. Не сите нотари работат на овој начин. Често се однесуваат како класични ранокапиталистички бирократи кои барателите на нивни услуги ги малтретираат на разни начини. Де донеси ова, де донеси она, па дури и работи кои се ноторни и за кои се знае дека не може да бидат исполнати.          Овдека ќе Ви прикажам писмено барање до Нотар кај кој и по два неуспешни обиди физичко лице и правно лице како договорни страни во Договор за закуп не можат да извршат заверка на нивните потписи од Договорот. 

      До
                                                                                                Нотар Николче Павловски
                                                                                                ул.,,Гоце Делчев,, бр.3
                                                                                                                Р е с е н


ПРЕДМЕТ: Барање за заверка на потписи на приватна исправа

Баратели: - Елизабета Нанчовска од Ресен, со стан на ул.,,Седма
                      македонска бригада,, бр.15 со ембг 2106965419004
                        - ЈТД за производство, трговија на големо и мало,
                     угостителство и услуги Нанчовски Тони и др.
                     НАНЧОВСКИ ЈТД Ресен, ул.,,7-ма Македонска
                       бригада,, 15 со ембс 5214637 и едб 4024998103089
                       претставувано од законскиот застапник, управител
                     Тони Нанчовски со ембг 0503965414004



По двата без успешни обиди, а на наше усно барање во вашата канцеларија да бидат заверени потписите на приватна исправа која ви беше поднесена како и документи за идентификација на лицата кои ја имаат потпишано приватната исправа и Вашите барања кои и ден денес не можеме да ги разбереме,

И по писмен пат уште еднаш бараме од Вас,

Да определите термин, кога барателите да дојдат во Вашата канцеларија, со приватната исправа и документи за идентификација, за да согласно Член 63 од Законот за нотаријат, да извршите Заверка на потписи (легализација) на приватна исправа Договор за закуп на деловен објект, а во врска со Член 28 од истиот Закон. 

Воедно Ве молиме, ако повторно одбивате да го извршите ова дејствие, тоа да го направите по писмен пат и го доставите до барателите со правна поука,  како би можеле да бараме правна заштита кај други органи.

Со почит,

Елизабета Нанчовска е.п.                                                      НАНЧОВСКИ јтд Ресен
                                                                                                                       Управител
                                                                                                                     Тони Нанчовски е.п.


Нема коментара:

Постави коментар