среда, 29. октобар 2014.

СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ via НЕСТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ

           Уште на почетоков на писанијево сакам да са оградам од генерализирајне на темава, да са оградам од стереотипите и други клавајна во исти кош на сите. Ова од причина шо јас ги ценам љуѓето како единки онакви какви шо са. Спротивно на ова имат и мисљејне кога, за еден ќе са разберит какоф е, во психоакалот на чоекот да са прет стереотип дека ево сите са исти. Не са сите исти, сите са добри само, имат некој шо не са.
            За ј.зиков на кој пишам. Ова е македонски ј.зик на ресенски дијалект. Вака ма учеле од мал, вака зборвам и ќе зборвам и натаму. Знете, чоек најубо са изразвит на мајчиниот ј,зик и така требит да прет, зошто ко ќе са трудит да прет поинаку, грешит. Арно ама, за џабе не е напрен литературниот македонски јазик и правопис. Дури имат и закони, к,де, како, кој и зошто е должен да го употребвит. И јас то го почитвам таму к,ј шо требит ама, к,ј шо нетребит цепам ресенски. Ако можело и во некој, вељам некој, не во сите, ево да речиме во  некоје судско писаније да са пишит на дијалект, да са прат граматички грешки, да са мешат поими, а то писаније е ЈАВЕН ПРАВЕН АКТ, е тогаш можит и вака. Арно ама моево пишејне е пишејне на некој кој си јајт ла..а ама, оние ЈАВНИНЕ требит да ги читат сите љуѓе. Дури сега имат и компјутерски стисој на сите судој во државава и таму ги објавеват. А то го читат сите дури и странство. И мене да ви кажам право ми е страм ко ќе прочитам такво нешто ама нејсе....
            Са имате запрашано некогаш ко ќе примите некој АКТ, дали е то нешто шо ти го пуштила државава, некој шо имат јавни овластвејна или пак то е правен акт донесен од стр,на на некој сут, Шо значат на крајот од документот, од левата стрна, написаното со две букви големи, па коса црта, па пак две букви големи.На сликава подолу то е она шо е заокружено со ЗЕЛЕНО облаче. Е, за ова ќе зборвиме денес.
                За да разбериме поарно ево еден сликовит пример:

СЛИКОВИТ ПРИМЕР ОД ВИСТИНСКО РЕШЕНИЕ
                   
     Да видиме првин шо вељит за ова државата. Во Законот за судој, имат еден Член 101 кој вељит:
(1) Во судовите во зависност од обемот на работа на судот се вработуваат определен број виши судски советници, самостојни судски советници,судски советници, стручни соработници, судски приправници, така што секој судија има најмалку еден судски службеник од наведените звања.
(2) Во судовите се вработуваат определен број работници за вршење на стручни, административни, технички и други работи во зависност од обемот на работата и потребите на судот.
                    Лицето од ставот 1 на Членот 101 од Законот за судој е ЛЕ од погоре зеленото облаче. Пред да почнам да елаборирам сакам да са оградам од сите врсти стереотипи. Јас сум приврзаник дека сите са добри освен, некој шо не са. Е сега, ова лице ЛЕ му поможвит на судијата во негота работа врз основа на Законов, деловниците за работа на судојте, како и годишните програми за работа на истите, народов си ги знеме ко стручни соработници.. Нивна главна задача е како асистенти во судојте да му прат нацрт ПРАВНИ АКТИ по налог на судијата. Нашево лице ЛЕ е едно од нив. Мојава приказна е само моја и секоја случајност со други е случајна. Вака ојт работата:
                    Добиват судијата предмет шо требит да го решит. Тој го викат лицето ЛЕ му го дават предметот, му кажвит каква диспозиција и отприлика какво образложеније да дајт и ЛЕ требит да напрет нацрт ПРАВЕН АКТ. ЛЕ го земат предметот ојт во негота канцеларија го отворат читат или нечитат и почвит да го прет нацртот. Вака така, ЛЕ морат да најт нешто за да напишит то шо му рече шефот.
Пиши-бриши кој како со својот акл, ќе го составит. Тој е дипломиран правник, со положен правосуден испит и кога тогаш ако дајт госпот, ќе станит и судија. Ама до тогаш ќе прет шо ќе му речат. Нејсе, го пишит нацртот и ојт кај шефот. Тој го земат и ѓомти читат, ќе најт и некоја ситна небитна забелешка (зошто тој се знет) и на крајот го потпишвит. Ако актот требит да са носит од с,трна на совет, ЛЕ го носит актот кај другиот судија кој потпишвит, па кај третиот кој потпишвит. По ова решение шо јас го читав и овие сигурно не да не го прочитале туку не го ни опуљиле то шо го потпишват. И така НАЦРТОТ ПРАВЕН АКТ станвит ПРАВЕН АКТ кој во нашиов случај е и конечен. ЛЕ го носит во писарница от к,де са носит до странките. Некој од нив ко ќе го видит плачит, некој са смет. Јас на пример и плачам и са смеам. Сега-засега, доста за ЛЕ.
          После ЛЕ и косата црта, пишит ТБ. Е то е лицето од ставот 2 од Законот за судој. Ги викат администратор-записничар, ама знете, ние си ги викаме дактилографки. Не сум приврзаник на стереотипите ама, досега не сум видел м,шко дактилограф. Зато и овде ќе ја пишам со за некој женска, дактилографка. Дактилографката ТБ пишит то шо ќе му речат. Нелогичното образложение не са нејзини грешки ама, правописните, естетските и други грешки та ги носит на душа. Во горниот пример подвлечените со црвено са нејзини грешки. И замислејте сега, ако во два параграфи на ПРАВНИОТ АКТ имат три повлечени збора а, актот имат пет страни (види на сликата заокружено со жолто) можит да си замислите на шо личит целиот. Ова е официјален акт. Ќе са објавит на сајтот на судот, ќе го читат и млади љуѓе, странци и кој ти не, а са носит во име на ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (порано во име на народот).
          Како било, овие ЛЕ/ТБ нити некој ги знет нити некој ќе разберит за нив. И да ви кажам право нив ич мува не ги лазат. Ама шо преме со лицето кое е потпишано од десната страна како ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ - СУДИЈА. Е тој и другите двајца на крајот одговарат за се. И за уводот, и за диспозицијата и за образложението и за правописот и за естетиката и за се. Најмногу та шо ја држит пајнцата и покрај чие име имат с.р.
          Ама со ова писание не беше предмет ПРАВНИОТ АКТ како таков и кој одговарат за него. Туку, како шо напишавме, шо значит кратенката на левото дно од крајот на ПРАВНИОТ АКТ кој решават судбини на љуѓе.
                    Ај сега драги мои, одам да ја гледам СИЛА. Уба серија требит да ја гледат и овије од текстов.
Автор: ЛЕ/ТБ












   

                                                     

Нема коментара:

Постави коментар